Најновите трендови за новогодишни декорации: Направете волшебен дом од соништата!
Празнично украсување на домот
Ако обожавате нежни бои и зимска атмосфера, овие фотографии може да ви послужат како инспирација
Новогодишните празници се ближат, но поради пандемијата на ковид-19, ќе ја дочекаме 2021-та година во семејно опкружување во топлината на својот дом.
Меѓутоа, позитивното расположение треба да нè следи без оглед на сè. Па затоа, многумина веќе ја накитија елката понесени од празничната еуфорија и ги разубавија своите домови со празнични декорации, барајќи зрак светлина во оваа тажна година.
View this post on Instagram
Но доколку сте меѓу оние кои сè уште не почнале со празничното украсување, ви даваме неколку хит-идеи од Инстаграм.
Судејќи по социјалните мрежи, пастелните тонови се апсолутен тренд.
View this post on Instagram
Некои корисници одбрале традиционални црвени и зелени украси, додека на други подраги им се пастелните тонови. Кои се вашите омилени?
View this post on Instagram
View this post on Instagram