Ја продала куќата во градот и направила дом од бајките за 170 евра на село: Не плаќа ни сметки!

Си го решила најголемиот проблем

Оваа жена ја продала куќата во градот и направила дом од 170 евра, а со текот на времето реновирала сè

Британка по име Луси направила храбар чекор откако удобниот живот во градот го заменила со живот на село, кој бил многу неизвесен за неа. Таа големата и средена куќа ја заменила со нов дом, на кој потрошила само 170 евра.

Имено, Луси (23) го споделила своето искуство со своите следбеници на социјалната мрежа ТикТок. Открила дека многумина ја критикувале поради одлуката да ја продаде куќата и да се впушти во авантура со реновирање камп-приколка, но била одлучна да си го создаде домот од соништата и успеала во тоа.

„Ја купив мојата прва куќа на 18 години, а мината година, на 22 години, ја продадов за да живеам далеку од градската врева. Некому ова ќе му звучи крајно лудо, но искрено, сега сум посреќна од кога било претходно.“

@lifewithlucyr Befores vs current 🏕️🌲🫶🏼✨ #livingoffgrid #travelcouple #offgriduk #vanlife #offgrid #lifeoffgrid #mobilehomerenovation #logcabinhome #staticcaravanrenovations ♬ Heartbeats – Jose Gonzalez


Откако се одлучила за живот на село, Луси нашла купец за куќата и се преселила во камп-приколка, која ја „паркирала“ на каллива полјана. Била сама и несигурна и искрено признала дека ѝ се причинило дека донела погрешна одлука кога ја погледната внатрешноста на приколката и местото каде што била сместена.

„Живеам во камп-приколка која ја платив 150 футни (172 евра) и првата година ми беше многу тешко“, открила Луси и додала дека најголемиот проблем ѝ бил студот и ниските температури кои се типични за село.

Соларните панели не можеле да се напојат и не постоел начин да го загрее домот.

Но со многу работа, волја и трпение, успеала да создаде топол дом заедно со својот партнер. Во видеата што ги објавила на ТикТок детално покажала како изгледало реновирањето, но и како се променил нејзиниот живот.

@lifewithlucyr Living off the grid is the best decision we ever made 🥹🫶🏼🌲🐾🐶🐑🐴 #lifeoffgrid #offgriduk #offgrid #livingoffgrid #ukcountryside #countrylife #countryasthetic #farmlife #farmanimals #lifeoffgriduk ♬ thx for using this sound I love seeing these omg – Em🪻🦇

Сега, рано наутро наместо да го вдишува градскиот смог, оди на прошетка со своите кучиња. Првото нешто што го гледа штом се разбуди е прекрасен, зелен тревник каде што трчаат коњи и други животни. А што е најдобро, сето тоа ѝ е бесплатно, бидејќи благодарение на соларните панели, не плаќа струја.

„Сега имам алпаки, коњи, свињи, кози… Задолжително вежбам на зајдисонце, а одгледувам и овошје и зеленчук. Никогаш не сум била позадоволна и посреќна, а неодамна започнав сопствен бизнис за шетање кучиња и нивен дневен престој.“

Со својата приказна, Луси инспирирала многумина да направат сè што е потребно за да си ги остварат своите соништа.

„Кога ќе направиш нешто што те прави среќен, задоволен и спокоен, потоа сè си доаѓа на своето место“, заклучила таа.

Лука имал 12 години кога сам почнал да ја гради својата куќа: Сите му се смееле, додека виделе како изгледа внатре!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.