Многу жени не знаат дека ова е најважното нешто во бракот: Еве зошто доаѓа до распад на семејството

Дознајте како да го сочувате бракот

Еве како да го одбегнете распаѓањето на семејството

Денес многу е тешко да се сочува брачната заедница, со оглед на тоа што прагот на толеранција и разбирање е сè помал. И мажите и жените се придржуваат до одредени правила за да го задржат партнерот до себе, но вистината е дека предизвиците се огромни.

Психолозите откриваат кои фактори доведуваат до распад на семејството, како да ги одбегнете и како да го сочувате бракот.

Што ги спречува двојките да се разведат?

Во 35 отсто од случаите тоа се децата, во 30 отсто од случаите тоа се компликациите при поделба на стекнатиот имот, во 22 отсто од случаите станува збор за материјалната зависност на едниот партнер од другиот, а во 18 отсто од случаите тоа се несогласувањата меѓу мажот и жената.

Но кои фактори доведуваат до распаѓање на семејството? Статистиката на разводи е поразителна. Околу 40 отсто од браковите се распаѓаат поради тоа што еден од сопружниците има некаков порок. Животот со човек кој е склон на разни пороци воопшто не е лесен.

Следната причина за развод на бракот е немање место за живеење. На младите им е непријатно да живеат со родителите кога ќе се венчаат. Тие сакаат да имаат свој дом во кој тие ќе го имаат главниот збор, но тоа е невозможно кога живеат со родителите. Уште една причина што најчесто доведува до развод е плеткањето на роднините и родителите во бракот на нивните деца.

Многумина не знаат дека кога ќе се венчаат, нивниот сопружник им станува најблиската личност на светот. Додека не сте во брак, вашата најблиска личност е вашата мајка или татко, но кога ќе се венчате, најблизок станува вашиот сопружник. Малку луѓе го разбираат ова, па девојките кои се венчале и понатаму веруваат дека мајката им е најблиската личност, а не сопругот.

Мажот мисли дека мајка му знае најдобро, дека треба да ја сака, почитува и да ги слуша нејзините совети. Но најважната личност во животот на мажот треба да биде неговата сопруга, а не неговата мајка. Честопати, родителите почнуваат да се мешаат во животот на младата двојка давајќи им совети кои повеќе им наштетуваат одошто им користат. Мажот и жената се заедница која не подразбира степен на сродство.

Мажот и жената се една личност и треба да бидат поблиски еден со друг одошто со нивните родители, и тоа сите мора да го сфатат. Дури кога ќе се препознаат факторите што доведуваат до развод, може да се работи на нивното отстранување. За бракот, потребна е борба. За да го одржите, мора да бидете силни, да имате голема душа, чист ум и срце што верува.

Мора да се борите за бракот, бидејќи бракот е света заедница на двајца луѓе.

3 знака кои покажуваат дека вашиот брак ќе заврши со развод: Психолог тврди дека ОВА е најголемиот показател
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.