Ѕвездата на американскиот фудбал ги отвори вратите на својот позлатен дом во стилот на Тони Монтана (ВИДЕО)

Ѕирнете во неговиот замок

Гламур и сјај

Една од најголемите ѕвезди на американскиот фудбал, Антонио Браун ги отвори вратите на својот луксузен дом вреден 6,5 милиони долари.

Освен што е познат како еден од најдобрите рагби-играчи, Браун може да се пофали и со прекрасната вила што ја купил во 2016 година, додека бил играч на Питсбург стилерс.

Тој игра за Баканери од октомври минатата година, но купи куќа на југот доволно рано, за да може да се всели веднаш по потпишувањето на договорот. Станува збор за вила која чини 6,5 милиони долари и многу потсетува на куќата во која живеел Тони Монтана, ликот што Ал Пачино го игра во познатиот филм „Скарфејс“.

Вилата се наоѓа во Флорида, на околу 20 милји од Мајами. Има дури 14 бањи, кино и имот од 18 илјади квадратни метри.

Скоро сè што внатре е покриено со злато, а надвор од вилата има специјално дизајнирана кујна за надворешна употреба, базен со бар и базен со солена вода.

На имотот има и приватна синагога, за која Браун објаснува дека е место каде што се дружи со своите еврејски пријатели.

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.