ХОРОСКОП: Дознајте што ве очекува овој вторник

Астролошка прогноза

Прочитајте го вашиот дневен хороскоп за овој вторник и почнете го денот подготвени за сите предизвици во него!

Овен 21.3-20.4.

Љубов На многумина ќе им се чини дека ги води некоја невидлива рака кон уште поголема среќа.Или сте вљубени или се заљубувате.

Кариера Вашата склоност да си поигрувате со луѓето не е секогаш пријатна. Луѓето се нешто повеќе отколку играчки.

Здравје Бидете она што сте.

 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов Некои меѓу вас најверојатно ќе покажат чувства кон пријател што можеби ќе ги збуни вашите партнери.

Кариера Очекуваната заштита би можела да се случи токму денеска. Ќе бидете подготвени за соработка, но ќе треба и да се докажете.

Здравје Немате причина за грижи.

 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов Ќе почувствувате плима од емоции која расте во вас. Тоа ќе ви биде критериум за сите денешни случувања.

Кариера На дневен ред ќе се најдат финансиите. Ќе разгледувате нови можности за заработувачка и зголемување на профитот.

Здравје Пречувствителност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов Оние што биле на прагот на љубовта, денеска ќе увидат дека токму тоа им се случува.

Кариера Ќе се повикате на резултатите од претходната работа, кои не се за потценување.

Здравје Прифатете ги добрите намери на другите.

 

Лав 23.7-22.8.

Љубов Не е лесно да се открие или признае грешка, но чесно е да се соочите со неа. Размислете и постапете како што ви вели срцето.

Кариера Ќе работите на стара задача што не е довршена.Ќе најдете начин да уживате во тоа.

Здравје Стиснете заби!

 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов Би можело да дојде до бесмислени надмудрувања заради доминација во односите на лична основа. Воздржете се од тоа.

Кариера Не сомневајте се во себеси. Ова е само преодна фаза низ која морате да поминете.

ЗдравјеНе откажувајте се!

Терезија 24.9.-23.10.

Љубов Оние што се во подолги врски навистина ќе уживаат во секој момент од заедничкото секојдневие.

Кариера Следуваат нови услови за работа на работното место. Главно ќе ви одат на рака, па прифатете ги.

Здравје Можна е посета на козметичар.

 

Скорпија 24.10-22.11.

Љубов Повеќето од вас денеска ќе уживаат во својата способност да продрат во наскриените чувства на партнерот.

Кариера Вработените во институции од затворен тип денеска доаѓаат до завршување на една фаза во работата. Другите ќе мечтаат.

Здравје Слушајте ја интуицијата.

 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов Вашата врска и денеска ќе се базира врз секс. На тој начин на партнерот ќе му се вовлечете под кожа.

Кариера Ќе се потрудите околу некои спонзори со што ќе ја зацврстите финансиската структура на фирмата во која работите.

Здравје Преминете од зборови на дела!

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов Оние што од саканите очекуваа да им дадат сигурност, денеска тоа ќе го дочекаат. Ќе бидат задоволни.

Кариера Ќе им се заблагодарувате на своите соработници што ве следат и имаат доверба во вашите нови идеи.

Здравје Чувајте се од повреди!

 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов Партнерот ќе покаже големо количество емоции ,што вие нема да можете да ја следите и да ја разберете.

Кариера На дневен ред би можел да се најде нов договор за работа.Добро проучете ги деталите , па потоа донесете одлука.

Здравје Ќе има пријатни средби.

 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов Можно е денеска некој да ви искаже љубов или обратно.Ќе биде весело со доста искрени емоции.

Кариера Ќе бидете креативни им оригинални.На оние кои имаат помалку интересна работа, ќе им треба начин за да се изразат.

Здравје Сфатете го проблемот сериозно.

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.