Николина Пишек се огласи по веста дека таа и ќерка ѝ се отруле со јаглерод-моноксид: „Не сакав да се дознае“

Ги спасил сопругот

Фото: Инстаграм

Хрватската водителка Николина Пишек и нејзината ќерка Уна преживеале вистински пекол ноќта мешу саботата и неделата. Имено, во станот во Загреб пукнала цевка од плинот, на кој се грее зградата, па Николина и Уна се откруле од јаглерод-моноксид.

Водителката се огласи по овој повод и раскажа што се случило.

Не сакав да се дознае, но вистина е дека ноќта меѓу саботата и неделата дојде до протекување на гасот а греење. Не сакав да зборувам за ова во јавноста додека дефинитивно не се утврди дека тоа е причината. Во моментов криминалистичката полиција прави увид и процена што се случило. Беше правена адаптација по земјотресот“, раскажува Николина, додавајќи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Не сакам да тврдат нешто бидејќи немам конечни информации, но изгледа настанала некаква грешка при тие поправки и јас и ќерка ми завршивме во болница. Сега сме добро“, открива водителката.

Инаку, неа и детето ги спасил сопругот Видоје Ристовиќ, кој бил во Белград во моментот на несреќата, па бидејќи сопругата не му одговарала на телефонските поици, загрижен се јавил кај пријателите да одат да видат дали е во ред.

Кога дошле, имале што да видат – Николина лежела на подот, без свест, а малата Уна во својот кревет, исто така онесвестена.

Претходно, и двете се жалеле на главоболка и повраќале.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.