Актерката ја раскинала свршувачката, а сега нејзиното срце го освоил 10 години помлад пејач: Целиот свет „зуи“ за овој пар!

Гласините биле точни

Британскиот пејач, по кого лудуваат девојките ширум светот, ја освоил убавата актерка, која многу брзо паднала на неговиот шарм

Американската актерка Оливија Вајлд (36) и британскиот музичар Хари Стајлс (26) се главна тема на сите странски медиуми откако испливаа фотографии на кои се држат за рака на венчавката на менаџерот на пејачот Џефри Азоф.

Шпекулациите за новиот љубовен пар започнале по нивното запознавање на снимањето на филмот Don’t Worry Darling, а потоа Оливија била фотографирана како влегува во неговата вила во Лос Анџелес. Се претпоставува дека хемијата се појавила за време на нивната соработка на снимањето.

А сега, озборувањата добиле своја потврда, иако не се огласувале во медиумите.

Љубовта помеѓу холивудската актерка и поранешниот член на бендот One Direction гори со силен пламен, барем така вели анонимен избор кој открил детали од оваа романса.

„Оливија и Хари изгледаат многу сериозно и секој момент го поминуваат заедно“, открил извор близок на парот.

Тој додал дека парот по кратката пауза од снимањето се вратил на сетот, што е уште една причина за нивното зближување.

„Нивната хемија е многу видлива“, открил изворот, додавајќи дека тие продолжуваат со дружење и после снимање.

Фактот дека се луди еден за друг го докажуваат и најновите фотографии направени додека се шетале во Санта Барбара.

Со оглед на тоа што немаат премногу работа за време на пандемијата, парот се сретнал со неколку пријатели, па уживале во дружењето на свеж воздух.

Да се потсетиме дека Оливија ненадејно ја раскинала седумгодишната свршувачка со колегата Џејсон Судеикис, со кого има две деца – син Отис (6) и ќерка Дејзи (4).

Никој не ни претпоставувал дека ќе раскинат, а не е познато дали Оливија го оставила Џејсон поради Хари. Судејќи по коментарите на нејзините пријатели, таа се зближила со познатиот пејач откако ја раскинала свршувачката.

10 раскинувања на славните ѕвезди што ја обележија 2020 година: Пукаа врски, веридби и бракови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.