Ѕирнете во луксузниот стан на Вики Миљковиќ: Поглед што го одзема здивот (ВИДЕО)
На слава кај популарната пејачка
Вики Миљковиќ веќе три децении успешно „гази“ на естрадата, а неколку години е и дел од жири-комисијата на популарниот музички натпревар „Гранд-ѕвезди“. Затоа и не изненадува тоа што таа и нејзиниот долгогодишен сопруг Ташке се почестија со луксузен стан во моментално најскапиот дел на српската престолнина.
Годинава, славењето на куќната слава „Свети Никола“ домаќините го организираа токму во новото живеалиште, па благодарение на фотографиите што осамнаа на Инстаграм, можеме да видиме како изгледа новата недвижнина на фолк-пејачката.
Огромниот балкон со совршен поглед на Белград сигурно е едно од најубавите катчиња во новиот дом на пејачката, а како што почнаа да пристигнуваат гостите на славата, така се нижеа и фотографии од луксузната недвижнина на Вики Миљковиќ.
Фото и видео: Инстаграм