„Паметна“ облека за лицата што страдаат од деменција

Секоја чест!

Јакни против деменција и пижами против апнеја се само два од вкупно 22 патенти на хрватските експерти, кои биле претставени неодамна пред јавноста во Хрватска.

Како што пишуваат хрватските медиуми, сè уште се тестираат „паметните“ алишта што индицираат дека бебето или возрасното лице престанало да дише во сон.

Четкајте ги забите. Измијте се. Појадувајте“, се програмираните пораки што се појавуваат на дисплејот на „паметната“ јакна, дизајниран од тим на Факултетот за текстилна технологија.

За да не се пропушти пораката, освен светлосно потсетување, вграден е и звучен сигнал. Јакната работи на тој начин што во апликацијата се внесуваат податоци за дневниот распоред на хигиената и на другите обврски, а таа ги испраќа во микрокомпјутер што е во џебот и ги печати на дисплеј што е вграден во ракавот.

Паметната облека за деменција е направена како дел од проектот што го работевме со Словенија преку Министерството за наука и образование на Хрватска и Словенија. Соработувавме со Факултетот за текстилна технологија и со професор од ФЕР од хрватска страна и нашите колеги од словенечка страна. Идејата беше да им се помогне на луѓето со деменција. Најмногу од сè се фокусиравме на таа прва фаза на болеста кога лицето сè уште може да функционира само“, вели професорката Снежана Фиршт Рогале, водач на тимоткој издаде 22 патенти во последните пет години, за кои имаат освоено околу 80 награди.

Ракувањето со апликацијата е многу лесно. Се нагодува во колку часот треба да се појави саканата порака. Дисплејот има батерија која е со големина и форма на рачен часовник, а иноваторите велат дека трае многу долго време. Дисплејот може да биде ставен на кое било парче облека, а може да биде и мобилен.

Извор и фото: 24 sata.hr

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.