Средношколците го кренаа гласот против загадувањето на воздухот (ВИДЕО)

Кога ќе вдишете длабоко, што мислите дека вдишувате?

Во петокот (20.12.2019) во Скопје се одржаа протести и марш преку кои средношколците го кренаа гласот против загадувањето на воздухот.

Со масовен одзив, тие испратија сериозни пораки со кои бараат итни мерки против загадување на воздухот.

Лина Ламбринидис на Инстаграм објави видео од средношколскиот протест во кое на креативен начин уште еднаш ги повторуваат пораките испратени на маршот.

Вчера бев на протест, вака си поминавме. Затоа што сите дишеме ист воздух. Браво за сите што излегоа и покажаа дека се грижат за својата сегашност и иднина. Бидејќи, кога ќе вдишете длабоко, што мислите дека вдишувате?, стои во описот на видеото на Лина.

 

Видео: @lambrinidis

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.