Причината поради која Ким Кардашијан спие нашминкана ги „расплака“ дерматолозите
Изгледа за нејзината кожа важат посебни правила
Иако на сите ни се случува, сакале да признаеме или не, да заспиеме со шминка на лицето, најпозната ѕвезда на реалните шоуа тоа го прави редовно. Она што младите девојки прво го учат кога ќе влезат во волшебниот свет на шминкањето, Ким Кардашијан изгледа сè уште го нема совладано или можеби за нејзината кожа важат сосема поинакви правила.
На прашањето дали некогаш ѝ се случува да заспие нашминкана, една од највлијателните жени во светот на шоу-бизнисот, која ја следат и ја копираат милиони девојки, во најлош случај можеше да одговори: „Да, понекогаш ми се случува“, но таа кажа нешто што ги „расплака“ дерматолозите низ светот.
Јас секогаш спијам со шминка на лицето и тоа воопшто не ми пречи. Го правам тоа за да ја одморам кожата“, одговорила беспрекорно нашминката Ким Кардашијан.
Фото: Instagram, Getty Images