Откако се олабавија мерките, водителката го искористи времето и паузите од снимањата за да ги наполни батериите.

Лила неодамна го посети родното село на нејзиниот татко и се навратија спомени од детството, а водителката истакна дека таму го наоѓа својот мир. Во таа прилика, Филиповска ја покажа градината во која преовладува зеленило и цвеќиња како и внатрешноста на домот односно дневната соба,  а потоа ја снимаше и терасата.

 

Како што истакна таа нејзината омилена тераса каде што сакала да учи и да чита книги.

„Ова ми беше омилена тераса за учење и за читање на книги….и се уште ми е“, напиша водителката во кусите на „Инстаграм“ и го покажа преубавиот поглед од балконот.

Веруваме дека Лила ги наполнила батериите подалеку од гужвата и вревата во Скопје и е подготвена за новата работна недела.

 

Извор: Вистина

фото: Инстаграм/лилафилиповска