Кети Пери го продава имотот во Лос Анџелес: Ѕирнете во нејзиниот луксузен комплекс (ФОТО)

Приватен фитнес-центар

Кети Пери одлучи да го продаде својот комплекс во Лос Анџелес. Неговата вредност се проценува на 9.285 милиони долари. Освен главната куќа со четири спални соби, имотот од 2,3 хектари вклучува и сигурносна стража, двокатна гостинска куќа и верувале или не – зграда за фитнес.

Популарната пејачка го купила имотот во Холивуд Хилс од нафтената наследничка Ајлин Гети за 8,2 милиони долари во текот на 2013 година преку својот деловен менаџер.

Главната спална соба има купатило во римски стил, а надвор, отворениот комплекс има базен и тераса, градини за медитација, планинарски патеки и камен амфитеатар.

Многумина го опишуваат овој комплекс како „одморалиште од светска класа”.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.