Свадбата на Бекам ќе се одржи на две локации: Настан што ќе се прераскажува

Плус - венчаница од соништата

Свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц, кои се свршија во јули по кратка врска, е закажана за следното лето, на две локации – во Америка и Велика Британија, така што сите што сакаат ќе можат да присуствуваат на нивниот најголем ден, а сега во јавност протекоа и некои нови детали.

 

 

View this post on Instagram

 

Posh is back ❤️ @victoriabeckhambeauty @victoriabeckham @nicolaannepeltz

A post shared by 🇬🇧 (@brooklynbeckham) on

Според британските медиуми, Бруклин Бекам ги избрал своите браќа, 18-годишниот Ромео и 15-годишниот Круз, за ​​кумови на нивната венчавка, додека деветгодишната Харпер ќе биде главна деверуша. Неговата мајка, познатата дизајнерка Викторија Бекам, исто така се погрижи да остане сè во семејството и прифати да ја создаде венчаницата од соништата на својата идна снаа.

Бруклин е исклучително поврзан со семејството и сите се многу блиски. Тие се браќа, но и најдобри пријатели. Иако многумина мислеа дека ќе го изберат својот татко за кум на нивната венчавка, за него навистина немаше друг избор освен браќата“, открил изворот.

Венчаницата, дизајнирана од Викторија Бекам, наводно ќе биде со едноставен дизајн, а се шпекулира дека и идната невеста размислува за костум за венчаница. Ова е голема задача за Викторија, иако таа веќе дизајнираше венчаница за нејзината пријателка Ева Лонгорија, како и фустан за Меган Маркл, во кој се појави на Божиќ.

Списокот на познати гости е долг, така што ќе има тројца поранешни пејачки на „Спајс грлс“ – Ема Бантон, Мелани Кишолм и Гери Хорнер – како и блискиот пријател на Бекам, Дејв Гарнер со неговата сопруга, актерката Лив Тајлер. Секако, на свадбата ќе дојде и кумот на Бруклин, Елтон Џон, кој најверојатно ќе отсвири нешто за младенците, а се очекува и Ева Лонгорија, како и многу други познати лица.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.