Ова е причината поради која Кристијано Роналдо ѝ раскинал на Ирина Шајк по 5-годишната врска

Виновна е мама?!

Славниот фудбалер Кристијано Роналдо и убавата руска манекенка Ирина Шајк беа во 5-годишна љубовна врска, која ненадејно „пукна“ во 2015 година, оставајќи ги сите во чудо.

Имено, во јавноста никогаш не излезе на виделина причината за раскинувањето, а се шпекулираше дека Кристијано не сакал да се ожени со манекенката, додека, пак, таа го притискала да се земат.

Меѓутоа, неодамна, пет години подоцна, повторно се појави вест за причината за раскинувањето на славната двојка. 

Имено, се зборува дека Роналдо не можел да ѝ прости на Русинката за тоа што не се појавила на 60-от роденден на неговата мајка, која по тој повод направила голема забава. Тоа го навредило фудбалерот, кој не сакал неговата мајка и слаба точка во животот да биде повредена и одлучил да прекине да се гледа со светски познатата манекенка.

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.