Вистинско задоволство и за подготовка и за дегустација – Вкусен крем од портокал

Здрав и лесен десерт

Навикнати сте на разни кремови што сте ги купиле на пазарите и секогаш ги имате кога ви треба нешто слатко? Отсега ќе имате и крем од портокал.

Покрај кремот, постојат и опции за слатки што можете да ги подготвите и со печење и без печење. Но, сега ви носиме крем од портокал кој ќе биде вистинско задоволство и за подготовка и за дегустација.

Состојки:

– 40 гр брашно

– 50 гр шеќер

– 40 гр маргарин

– 1/4 л млеко

– 1 јајце

– 1 жолчка од јајце

– малку сол

– 1 голем портокал

Подготовка:

Измешајте јајце, жолчка и брашно и ставете ги на умерено загреана тава. Полека додавајте млеко и постојано мешајте. Тргнете ја тавата од оган, додадете маргарин и сок од портокал. Потоа, изгребете ја кората, добро измешајте и оставете во фрижидер да се излади!

На здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.