Вкусно задоволство на лажица: Вариво од тиквички

Стоплете си ја душата

Ако варивото го приготвувате за утредента, павлаката додајте ја непосредно пред сервирањето

Состојки:
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 2 моркова
  • 1 пашканат
  • 200 г шампињони
  • 2 млади тиквички
  • 200 мл павлака за готвење
  • 1 лажица исечени свежи зачини
  • 2 л вода
  • 2 лажици густин
  • пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, морковите и пашканатот се лупат и се сечат на големи парчиња.

2. Тиквичките се лупат и исто така се сечат на коцки, а шампињоните на ливчиња.

3. На малку масло се пропржува црвениот кромид, а потоа се додаваат морковите и пашканатот, па добро се меша и се остава сето тоа заедно кратко да се пржи. Потоа се динста, долевајќи по малку течност, додека омекне зеленчукот.

4. Потоа се додаваат шампињоните и тиквичките, се сипува вода да се покрие зеленчукот и се вари додека омекне.

5. Пред крајот на варењето се става павлката за готвење и се додаваат зачини по желба.

6. Густинот се мати со малку вода и става во варивото, па се вари на умерена температура десетина минути, додека варивата ја добие посакуваната густина.

Побарајте уште вакви вкусни рецепти во најновиот број на магазинот „Добра храна“!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.