Салата „Винегрет”

Готова за 30 минути!

Оваа салата потекнува од Русија, посна е и може многу да ви користи за посните слави, зашто е декоративна и вкусна.

СОСТОЈКИ:

300 г бел грав
1 главица кромид
3 кисели краставици
2 главици цвекло
3-4 листа кисела зелка
4 компири
100 мл масло
сол
црн пипер по вкус

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1. Сварете ги гравот, компирите и главиците цвекло посeбно и исечете ги на коцки.
2. Исто така, исечете ги и кромидот и киселите краставички на коцки.
3. Исечкајте ја зелката на тенки резенчиња.
4. Сè ставете во еден сад, убаво измешајте, па додајте сол, црн пипер по вкус и полејте со масло по вкус.
5. Салата сервирајте ја во чинија.

Фото: Илустрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.