Мусака со карфиол и со чадена сланина

Вкусен ручек

Ова вкусно јадење се приготвува 30 минути, а за да се испече во рерната, потребни ви се 60 минути. Добар апетит!

СОСТОЈКИ:

1 главица карфиол

200 г сирење

200 г шунка

150 г чадена сланина

3 јајца

200 г павлака

лебни ронки

оригано

сол

црн пипер

сок од лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Во вода со сол и сок од лимон се обарува 1 главица карфиол. Се исцедува водата, па карфиолот се дроби на цветчиња.
  2. Огноотпорниот сад за печење се намрсува, потоа се посипува со лебни ронки, па се реди половината од карфиолот.
  3. Врз карфиолот се распоредува изронетото сирење, потоа се реди исечканите шунка и сланината, па посипуваме малку оригано и го редиме остатокот од карфиолот.
  4. Врз мусаката истураме прелив од три измиксирани јајца измешани со 200 мл павлака, малку сол и малку црн пипер, а одозгора наросуваме со лебни ронки.
  5. Се пече додека мусаката зарумени, најмалку 1 час.

Текст: Убавина и здравје

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.