Бела касато-торта

Се топи во уста!

За приготвување на овој вкусен десерт ќе ви бидат потребни 30 минути, за обликување 10 минути, а за украсување 30 минути. Добар апетит!

СОСТОЈКИ:

600 г бисквити

1 пакетче желе-бонбони

100 г кокос

100 г урми

2 пудинга од чоколадо (ванила)

1 шлаг-пена

1/2 маргарин

1,5 л млеко

(може да се додадат суво грозје, оревчиња, крем-банани, по ваша желба)

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Во еден сад ги кршиме бисквитите, ги сечкаме желето и урмите, па го додаваме и кокосот. Убаво ги промешуваме.
  2. Во тенџере на тивок оган го вариме пудингот со еден литар млеко и во него го додаваме маргаринот да се растопи при варењето.
  3. Со сварениот пудинг ги посипуваме бисквитите, потоа промешуваме и ја формираме тортата во сад за торти.
  4. Шлаг-пената ја матиме со преостанатото млеко и со неа ја украсуваме тортата.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе