Подароци, дискусии и инспиративни приказни: Успешно одржана регионалната конференција за жени „Профемина 2021“!

Вчера, на 8 декември (среда) успешно се одржа петтото издание на регионалната конференција за жени „Профемина“, во организација на „Колор медиа плус“, издавачот на највлијателниот женски магазин „Убавина и здравје“.

Во точно 10 часот вратите на луксузниот хотел Double Tree by Hilton се отворија за посетителите на „Профемина 2021“, кои побрзаа да си го зафатат своето место и да ги проследат интересните содржини, чиј акцент повторно беше ставен на убавината, здравјето, негата и на сè друго што е од исклучителна важност за жената.

Пред официјалниот почеток, гостите љубопитно ги разгледуваа штандовите на поддржувачите на конференцијата.

Присутните имаа уникатна можност на едно место да ги разгледаат и тестираат производите на Vichy, La Roche Posay, Esensa, Revalid и BioGaia, Violeta We Care, Zepter, да се информираат за понудите на Центарот за естетска дерматологија при клиниката „Жан Митрев“ и Figurella, како и да се освежат со кафињата на Franck и сокчињата на Jaffa – рифреш-партнерите на „Профемина 2021“.

Исто така, пред самиот влез во прекрасната сала на Double Tree by Hilton, посетителите можеа да се регистрираат, да остават свое име и презиме и со тоа да си го обезбедат своето учество во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата VichyEsensaBiogaiaRevalidKrka, La Roche – PosayZan Mitrev ClinicA1Halk Bank,  Teoxane,  Violeta, Swarovski, Zepter, Figurella и U&Z brands.

Најбрзите ранобудници, кои први влегоа во салата, ги пречека слатко изненадување на столчето – пакетче со производи од Esensa.

Традиционално, како и секоја година, Јована Стојменовиќ, главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, свечено го отвори настанот, поздравувајќи ги неговите поддржувачи, откривајќи ѝ на публиката што сè може да очекува до 18 часот и најавувајќи ја првата студија на случај со која започна конференцијата – „Инфекциите се предизвик – здравјето е цел“, поддржана од Esensa.

Соговорници ѝ беа д-р сци. Александар Сајковски, специјалист, неонаталог во клиничката болница „Аџибадем Систина“, Елизабета Симонче, бренд-менаџерка за „Есенса“, Септима, и Деспина Алексовска, комерцијален работник на „Есенса“, Септима. (Повеќе за овој разговор може да прочитате ТУКА).

Потоа, конференцијата продолжи со втората студија на случај со наслов #cleaneating, поддржана од BioGaia.

Разговорот го водеше Јована Стојменовиќ, а учесничките:  м-р Ана Антовска, нутриционистка во клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Верица Ристовска, бренд-менаџерка на BioGaia зборуваа за сите придобивки од добрите бактерии. (Повеќе за овој разговор може да прочитате ТУКА).

Следуваше првата панел-дискусија „Иднината на здравјето“, поддржана од KRKA.

ТВ-водителката Билјана Дебарлиева беше задолжена за модерирање на панелот, а за хроничната венска болест зборуваа проф. д-р Сузана Николовска, дерматовенеролог при УК за Дерматовенерологија, Скопје; д-р Марија Анастасова, специјалист дерматовенеролог, ПЗУ Промедика Медикал центар, Скопје, фарм. Милена Ѓошевска, од Крка Фарма Скопје. (Повеќе за овој разговор може да прочитате ТУКА).

Втората панел-дискусија беше во знакот негата на кожата, насловена со „Подобар живот за осетливата кожа“.

Улогата на модератор ја презема ТВ-водителката Милена Антовска Станковска ја имаше улогата на модераторка, а своето знаење  и искуства на темата со неа ги споделија д-р Емилија Минова, спец. дерматовенеролог од поликлиниката „Рес Хумана“, Анета Јованова, стручен претставник на „La Roche Posаy“, Душица Цандова, психолог, ТВ-водителката Јелена Спенџарска и инфлуенсерката Зои Блаж.

Покровител на оваа панел-дискусија беше La Roche Posay. (Повеќе за овој разговор може да прочитате ТУКА).

Водителката Јована Стојменовиќ ја модерираше третата панел-дискусија на тема „Нема пауза во менопауза“, поддржана од Vichy.

Учествуваа м-р д-р Наташа Теовска Митревска, спец. дерматовенеролог од „Ремедика“, Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка за Vichy во „Септима“, д-р Татјана Гуржанова, спец. акушер, гинеколог и IVF-специјалист во Newborn Clinic, Елена Петреска, поп-пејачка и ТВ-водителката Ирена Спировска. (Повеќе за овој разговор може да прочитате ТУКА).

Во 15.30 часот се отвори и третата студија на случај со наслов „Вашето лице во вистинските раце“, поддржана од TEOXANE, која наиде на огромен интерес кај публиката, бидејќи се дискутираше за најсовремените методи за разубавување со кои може да се надмудри времето.

Ја модерираше водителката Јована Стојменовиќ, која разговараше со д-р Даниела Димитрова, стоматолог и сертифициран естетски доктор од TEOXANE, Швајцарија. (Повеќе за овој разговор може да прочитате ТУКА).

Темата на дискусија на четвртиот панел беше „Разбуди ја убавината во себе“, а зборуваа д-р Александра Лазаревска, дерматолог од клиниката „Жан Митрев“, потоа д-р Анџелка Илиева, исто така од клиниката „Жан Митрев“, нутриционистката Марина Релушкоска од „Жан Митрев“, како и познатата инфлуенсерка Марис Џолин.

Модераторка беше познатата водителка и лото-девојка Марјана Станојковска, а панел-дискусијата беше под покровителство на Центарот за естетска дерматологија при клиниката „Жан Митрев“. (Повеќе за овој разговор може да прочитате ТУКА).

Се одржа и петтиот, претпоследен панел на конференцијата „Профемина 2021“, a темата беше: „Онлајн бизнис – приказни за успехот“.

Модератор на овој панел беше Ана Зафирова, а панелистки: Ружица Максимовска, сопственичка на магазинот „Портрет“, Моника Ризовска, ко-основач на платформата Ways2help и амбасадорка на Women in Tech Македонија, Елизабета Јовановска, сопственичка на Бренд солушн и на Едукативен центар за маргинализирани групи, Лејла Рамковска, инструкторка по јога и Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1.

Покровител на овој панел беше компанијата А1. (Повеќе за овој разговор може да прочитате ТУКА).

Последната панел-дискусија со наслов „Имам идеја и сакам свој бизнис“ претставуваше вистинска јаготка на шлагот на петтото издание на регионалната конференција за жени, бидејќи своите инспиративни бизнис-приказни ги споделија Софија Дачева, основачка на „Матриошка“ и на „Вајс груп“, Катарина Георгиевска, сопственичка на „Ранчо и Ванчо на Ката“ и Маја Гоговска од дирекцијата за маркетинг на „Халк банка“, која е покровител на овој панел.

Разговорот го водеше водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, а нешто повеќе за него прочитајте ТУКА.

Помеѓу секоја дискусија имаше кратка пауза, за време на која гостите можеа да ги пробаат напивките на Franck и Jaffa, како и извлекување на добитниците што учествуваа во лотаријата.

За време на конференцијата беше претставена и новата онлајн-продавница на брендот создаден од страна на магазинот „Убавина и здравје“ shop.ubavinaizdravje.mk, каде што може да се најдат квалитетни парчиња облека за сечиј стил.

„Профемина 2021“ се заокружи со доделување дополнителни подароци од страна на поддржувачите на настанот и се погрижи за тоа сите посетители да си заминат среќни, исполнети, инспирирани и збогатени со нови знаења и информации.

Поради пандемијата на ковид-19, бевме спречени да се дружиме и да разменуваме искуства со нашите посетители минатата година, меѓутоа, годинава, почитувајќи ги мерките за заштита на јавното здравје, „Профемина 2021“  се одржа на нова локација во хотелот Double Tree by Hilton и помина најдобро досега!

Се гледаме наредна година! А многу повеќе фотографии од „Профемина 2021“ можете да погледнете ТУКА!

Текст: Марија Лукаревска

Фото: Драган Митрески, Ѕвонко Плавевски

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.