Профемина 2021: Колку се корисни добрите бактерии – дознавме од втората студија на случај #cleaneating

Погледнете како помина!

Заврши втората студија на случај поддржана од BioGaia

По кратката пауза, „Профемина 2021“ можеше да продолжи со втората студија на случај со наслов: #cleaneating поддржана од BioGaia.

Модераторката Јована Стојменовиќ ги покани на сцената учесничките:  м-р Ана Антовска, нутриционистка во клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Верица Ристовска, бренд-менаџерка на BioGaia.

Разговорот се водеше во насока на тоа колку се корисни добрите бактерии и која е врската меѓу здравјето, имунитетот, убавината и пробиотиците.

Ана Антовска ја потенцира важноста на внесувањето свежа и органска храна, како и на пробиотските суплементи.

Дали преку исхраната може да се внесе потребната количина на пробиотици?“, праша Јована Стојменовиќ, а Антовска објасни дека важен е сојот на бактериите што ги содржи храната и потенцира дека ако сакаме да бидеме потполно сигурни во количината на пробиотици што ја внесуваме, треба да се земаат и во форма на суплементи, како што е  BioGaia.

Верица Ристовска дополни дека овој суплемент треба да се користи континуирано за да се превенираат гастроинтестинални нарушувања и други здравствени проблеми, а ги запозна посетителите и со новитетите на овој бренд.

Потоа, Антовска нагласи и колку е важно бремените жени редовно да земаат пробиотици за здравјето на плодот.

Убаво е секоја бремена жена да започне со земање суплементација на пробиотик и тоа да се случува две години од почетокот на животот на детето, особено ако посетува градинки. Внесувањето пробиотик од најрана возраст е исклучително значајно.“

Дуењето на стомакот е уште еден од проблемите што беа опфатени во рамките на оваа студија на случај.

Стресот е нашиот најголем непријател, а дуењето најчесто се случува поради нарушена функција на дебелото црево. Тоа се јавува како последица, пред се’, на внесувањето млечни производи (со исклучок на козјите) и глутен. Им препорачувам на сите присутни во салата да користат пробиотици за да го зачуваат здравјето на дигестивниот систем и на целиот организам“, порача нутриционистката.

Студијата на случај беше заокружена со извлекувањето на среќните добитници на производи од познатиот бренд Revalid.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.