Татјана (5) и Миа (4) се најмладите директорки во светот: Еве со што се занимаваат! (ФОТО)
Малите инфлуенсерки лансираат свој моден бренд
Овие две сестри на социјалната мрежа Инстаграм имаат 700 000 следбеници
Татјана (5) и Миа (4) Ескаланте се две сестрички инфлуенсерки кои во моментов се подготвуваат да станат најмалите директорки во светот.
Двете сестри од Австралија имаат повеќе од 700 000 следбеници на Инстаграм а во Јуни годинава беа забележани на модната недела во Австралија па сега ја подготвуваат нивната прва модна линија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Одсекогаш девојчињата преферирале и уживале исто да бидат облечени, изјави нивната мајка Енга која го отворила нивниот Инстаграм профил пред само 2 години.
Децата си ги облекував исто но не само во розово што е боја препознатлива за девојчиња, туку во сите бои. Често ги коментираа кога и да излезевме од дома, па си помислив сиурно ќе е забавно да им отворам Инстаграм профил и да ги видат повеќе луѓе. Следно, тие почнаа да добиваат преубави парчиња облека од многу јаки брендови за да ги рекламираат, па така станаа влијателни и другите деца почнаа да ја купуваат таа гардероба за да бидат облечени како Татјана и Миа. Па некако логично дојдовме на идеја да креираме сопствен моден бренд кога веќе се толку познати.
Овие две девојчиња добиваат облека од брендот Гучи, Кавали и сите светски познати марки. Сеуште не се свесни за она што им се случува, ниту за нивната популарност…но еден ден ќе сфатат колку се успешни уште од мали нозе.