Инфлуенсерки во пелени: Преслатко и неодоливо или неостварени амбиции на модерните мајки?! (ФОТО)

Бебиња-инфлуенсери, што мислите за ова?

Веќе навикнавме на тоа дека инфлуенсерките на Инстаграм диктираат трендови и заработуваат астрономски цифри, но што ако имаат две години? Дали мајките на овие деца се кул или ја преминале границата на добриот вкус?

Инстаграм веќе некое време убедливо е најпопуларна и најкористена социјална мрежа на светот – одамна ги остави зад себе Фејсбук, Твитер, Снепчет…

Покрај тоа што ни овозможува да следиме настани, вести, нашите омилени филмски и музички ѕвезди, па и политика, Инстаграм стана главна модна зона.

Имено, сите трендови право од модните писти (а некогаш и порано), се селат на Инстаграм, на профилите на најпознатите инфлуенсерки кои имаат милиони следбеници и тоа претставува еден вид реклама.

Можеме да заклучиме дека Инстаграм одамна прерасна во сериозен бизнис кога станува збор за модните трендови кои индиректно се пласираат преку прекрасните девојки кои ги носат најновите модели на најпознатите модни куќи во својот секојдневен живот и така ги рекламираат истите тие фирми.

Бизнис си е бизнис, наше е дали ќе го следиме или не. Меѓутоа, во последно време, широко раширен тренд е тоа и децата да стануваат инфлуенсери – и тоа деца од две или три години, па дури и бебиња.

https://www.instagram.com/p/B_n5IBMl85a/?utm_source=ig_embed

Сосема јасно е дека децата не можеле сами да донесат таква одлука, а тешко е да се поверува дека татковците се сетиле да го облечат детето од глава до пети во „Гучи“ или „Луј Витон“, да ги фотографираат и да им отворат инстаграм-профил. Значи, станува збор за мајките!

https://www.instagram.com/p/B6qkEXHlZVu/?utm_source=ig_embed

Мајките сѐ почесто им отвораат профили на своите деца, почесто на девојчињата, но и на момчињата, ги облекуваат во скапа и брендирана облека со видни ознаки на брендо и ги фотографираат во пози што им прилегаат на возрасни жени, но на деца никако – не!

https://www.instagram.com/p/B8_rtojFjln/?utm_source=ig_embed

На прв поглед овие слатки и дотерани дечиња ни предизвикуваат восхит, бидејќи навистина изгледаат како мали модни икони, но не може а да не се наметне прашањето: дали и во колкава мера е соодветно, општествено прифатливо, па дури и вкусно од страна на родителите тоа што децата на толку мала возраст ги претвораат во предмети на заработка, слава и огромно медиумско експонирање.

https://www.instagram.com/p/Bunj_gCl_VF/?utm_source=ig_embed

Дали станува збор за неостварени желби на родителите, потреба луѓето да им се воодушевуваат ним и на нивните деца на некој начин, желба за популарност или, пак, станува збор за профит од таквиот вид експонирање – или можеби комбинација на сите тие фактори?! Не можеме да тврдиме со сигурност.

https://www.instagram.com/p/Bsbo3MRA5Eb/?utm_source=ig_embed

Она што е сигурно е тоа дека децата кои растат во такво опкружувања, неминовно стекнуваат една сосема поинаква слика за светот и системот на вредност во кој како императив се наметнуваат парите, славата, популарноста и важноста на физичкиот изглед, додека им недостигаат некои други општествени вредности – оние според кои растат повеќето од нивните врсници.

https://www.instagram.com/p/CAgDF36ln9j/?utm_source=ig_embed

Со самото тоа, доаѓаме до заклучок дека детето кое расте пред светлата на фотоапаратот, од мали нозе облечено во облека вредна и по неколку илјади евра, најверојатно нема да посака да стане доктор, писател или научник, туку, по пример на мајка му или на она што го научило од мали нозе – инфлуенсер.

https://www.instagram.com/p/CAQGHcZF_Xf/?utm_source=ig_embed

Сето тоа не би било толку лошо кога не би станувало збор за деца кои не биле прашани за таквата одлука, која би била сосема во ред и легитимни кога би имале барем 17-18 години, наместо две, три, па и помалку!

https://www.instagram.com/p/B_2w9OilL37/?utm_source=ig_embed

Воспитувачка засекогаш ја напуштила работата во градинка: „Не можам да гледам како родителите ги осудуваат децата на пропаст!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.