Профемина 2021: Венската болест е повеќе од естетски проблем – заклучија експертите на првата панел-дискусија „Иднината на здравјето“

Иднината на здравјето

Прочитајте како помина првата панел-дискусија поддржана од KRKA

Во 12.10 часот започна првата панел-дискусија на „Профемина 2021“, поддржана од KRKA на која се зборуваше за „Иднината на здравјето“.

ТВ-водителката Билјана Дебарлиева беше задолжена за модерирање на панелот, а за хроничната венска болест зборуваа проф. д-р Сузана Николовска, дерматовенеролог при УК за Дерматовенерологија, Скопје; д-р Марија Атанасова специјалист дерматовенеролог, ПЗУ.Промедика Медикал центар, Скопје и фарм. Милена Ѓошевска од Крка фарма, Скопје.

Панел-дискусијата беше отворена со впечатливо видео кое на сликовит начин прикажа зошто се јавува венска болест и кои се придобивките од редовното користење на производот Флебавен.

„Околу 60% од поединците што имаат проблем со венската циркулација, се жени. Многу од пациентите го сметаат тоа за естетски проблем, но ние докторите го гледаме поинаку. Ако навремено не се спречи развојот на овој проблем, може да дојде до краен терминален стадиум за кој е потребна поагресивна терапија“, објасни проф. д-р Николовска и објасни кои се стадиумите на хроничната венска болест.

Поентата е раното препознавање на постоењето на оваа болест, заклучи докторката и појасни како доаѓа до нејзина појава. Д-р Атанасова, пак, откри кои се факторите за ризик.

„Проблемот е во тоа дали и колку ние го почитуваме нашето тело. Фактори на ризик се стилот на живот, генетските фактори и како ние се однесуваме кон овој проблем. Многу е важна физичката активност, бидејќи гојазноста може да придонесе за појава на венска болест. Друга причина е и хормоналниот дисбаланс што се јавува за време на бременост, па по породувањето, многу жени го имаат овој проблем. Венска инсуфициенција може да предизвикаат и други заболувања“, објасни Атанасова.

 

Експертите препорачаа повеќе пешачање и примање соодветна терапија, но и апелираа колку е важно навреме да се започне со третирање на венската болест.

Кога веќе проблемот е присутен, д-р Николовска објасни какви терапии постојат за справување со оваа состојба, и ги подели на не-инвазивни и инвазивни методи.

 

 

Милена Ѓошевска зборуваше и за составот и ефектите на веноактивниот лек од природно потекло Флебавен, произведен од KRKA.

Панел-дискусијата заврши со прашања од публиката, а врвните експерти понудија издржани и детални одговори.

На самиот крај, на една среќна добитничка и’ беше подарен пакет производи од KRKA, а Билјана Дебарлиева уште еднаш ги потсети гостите по појавата на првиот симптом на венска болест, веднаш да побараат лекарска консултација.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.