Рецепт на денот: ПРЖЕНИ ПЕЧУРКИ – брзи и совршено крцкави!

И вкусни!

Пржени шампињони – златно-жолти, крцкави, печурки, брзо и едноставно јадење со само неколку состојки. Потребни се помалку од 30 минути за да се приготви. Совршени се како вкусен додаток од зеленчук со главното јадење, како предјадење или мезе.

Состојки:
250 г помали печурки
2 јајца
1/4 лажиче сол
150 г меко брашно
150 г лебни ронки
масло за длабоко пржење

Приготвување:
Наведените количества се за 2 – 4 лица, во зависност од другите прилози на масата.

Подгответе помали печурки, измијте ги во ладна вода и исушете ги со кујнска крпа. По желба излупете ја кожата од капачето.

Јајцата подгответе ги за панирање, посолете ги и изматете ги со виљушка.

Подгответе сад за брашното, кое ќе го просеете. Подгответе сад со лебните ронки.

Загрејте масло за длабоко пржење на умерен оган. Шампињоните се мали и нежни, па многу лесно ќе изгорат на висока температура. За да користите помалку масло, користете помала тава и пржете ги печурките во неколку серии.

Кога ќе се загрее маслото, почнете да ги панирате печурките. Направете го тестот со чепкалка за заби – потопете ја во масло и кога на врвот ќе се појават многу мали меурчиња – маслото е подготвено за пржење.

Валајте ги шампињоните во брашното, потопете ги во изматените јајца и валајте ги во лебните ронки, па спуштете ги во врелото масло и пржете ги 3-4 минути додека поруменат, често превртувајќи ги.

Испржените печурки извадете ги на кујнска крпа, која ќе го впие вишокот маснотија. Послужете веднаш – додека пржените печурки се топли и крцкави, како прилог или вкусно предјадење.

Добар апетит!

POHOVANI ŠAMPINJONI, brzo i savršeno hrskavo

Текст: Добар апетит

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.