Бела Хадид знае како да ги издржи летните горештини: Краток топ, здолниште, но ова парче – не ни е јасно! (ФОТО)

Можеби страда од лоша циркулација...

Бела Хадид дефинитивно води кога станува збор за стилот и модниот вкус и она што можеме со сигурност да го кажеме – носи парчиња кои ретко која жена би се осмелила да ги носи. Сепак, најновиот стајлинг особено ни го привлече вниманието, а едно парче не ни е баш јасно.

Имено, таа веќе некое време на големо ги враќа 2000-тите години, а овој пат тоа го направи со големи вреќести шорцеви, кои можевме да ги видиме на жхип-хоп и ар-ен-би ѕвездите.

Косата ја собра со две шноли – тренд што го сакаме, а кој е исто така ретро – а малите црни очила за сонце го красеа нејзиното лице.

Горе носеше краток кроп-топ, кој одлично се вклопи со тексас-шорцеви со низок струк и црниот ремен. На рамото ѝ висеше голема бордо чанта, но од каде со сето тоа кожени чизми?

Не знаеме дали има слаба циркулација или едноставно моден детаљ на кој не можеше да му одолее.

Bela Hadid nas uvek iznenađuje svojim modnim komadima

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.