Расположени сте за нешто вкусно? Пробајте калцоне со сув врат!

Одличен деликатес

Кој може да му одолее на овој италијански специјалитет?

Состојки:

За тестото:

  • 500 г екстра бело брашно
  • 2 рамни лажичиња сол
  • 8 г сув квасец
  • 320 мл вода
  • 1 јајце
  • 50 г рендан пармезан

За филот:

  • 350 мл густ доматен сок
  • 250 г чаден сув врат
  • 300 г кашкавал гауда
  • 400 г шампињони
  • босилек

Приготвување:

1. Се соединуваат 450 г екстра бело брашно, солта и сувиот квасец, па се меша. Постепено се долева водата и се меси со рака додека тестото почне да се одвојува од работ на садот.

2. Измесеното тесто се обликува во топка и се остава да мирува 5 мин. Потоа тестото повторно се меси 10 минути, додека стане еластично.

3. Тестото се дели на 10 дела, па од секој се обликуваат помали топчиња. Крпа се посипува со екстра бело брашно тип и на неа се редат приготвените топчиња. Се прекриваат со влажна крпа и се оставаат на топло да мируваат 30 минути, додека се удвои смесата.

4. Шампињоните се сечат на листови и се пржат на малку масло, додека омекнат, а вишокот течност да изврие.

5. Се зема едно топче и со сукало се сука во круг. Половина од тестото се премачкува со две лажици густ доматен сок, помешан со босилек, се распоредуваат крукчиња сув врат, се нанесува малку од пржените печурки и се посипува со кашкавал. Се преклопува со празната половина од тестото, па краевите се виткаат да се залепат.

6. На истиот начин се обликува секое наредно калцоне. Се редат во плех обложен со хартија за печење, се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со пармезан. Се печат во загреана рерна на 220°С, додека поруменат.

Извор: Добра храна

Пробајте го и ова предјадење за сечиј вкус: тестенини во крем-сос!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.