Предјадење за сечиј вкус: Тестенини во крем-сос

Ќе ги обожавате!

Послужете ги тестенините веднаш по приготвувањето

Состојки:
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  •  500 г зрели домати
  • 200 мл доматен сок
  • 200 мл павлака за готвење
  • 1/2 лажиче сушен босилек
  • 400 г тестенини
  • 40 г рендан пармезан
  • 1 полна лажица путер
  • 3 лажици масло за пржење

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се пасира, а доматите сосе лушпата се сечат на коцки.

2. На малку масло се пржи црвениот кромид, да стане стаклест, а потоа се додаваат доматите и лукот. Потоа се динста на умерена температура во сопствениот сок додека омекнат доматите.

3. Смесата се миксира со миксер или во блендер, се сипуваат сокот од домати и павлаката за готвење, се додаваат босилек и зачини по желба, па се вари додека зоврие.

4. Се додаваат тестенините и се вари со постојано мешање, додека набабри. Во текот на готвењето по потреба се сипува малку вода.

5. Во готовите тестенини се става путер и се меша да се растопи. Се посипува сето тоа со пармезан и се послужува.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.