Посни тортилја-чашки полнети со салата од туна

Вкусен рецепт на Теодора Георгиевска

Пробајте го ова посно јадење што ќе ве воодушеви со својот вкус

Со остатокот од тортилите можете да подготвите домашен и вкусен тортилја-чипс, нешто што може да го најдете на инстаграм-профилот на Теодора Георгиевска @gotvime.so.tea. Пробајте го нејзиниот вкусен рецепт за посни тортилја-чашки полнети со салата од туна.

Состојки:
  • 4 тортили
  • 180 г туна
  • 200 г пченка
  • 1/2 авокадо
  • 1/2 свежа краставица
  • 1 домат
  • неколку листа марула

За сосот:

  • 1 мало лажиче сенф
  • 1 мало лажиче мед
  • 2 мали лажичиња кечап
  • 1 мало лажиче коњак
  • 1 мало лажиче маслиново масло
  • 2 мали лажичиња балсамиран оцет
  • сол
  • црн пипер
Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени, па исечете крукчиња од тортилите со помош на калап или чаша.

2. Додека го печете тортилите во рерна 10-15 минути, исечкајте ги на ситни коцки сите состојки потребни за полнење на чашките.

3. Пригответе го и сосот.

4. Наполнете ја секоја чашка со смесата од сите состојки и на крајот прелејти со претходно приготвениот сос.

Добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.