Крцкава пита од готови кори со тиквички и млад кромид: Пролет во чинијата!

Превкусно!

Уште еден неодолив рецепт со божествен вкус

Состојки:
  • ½ килограм тенки кори
  • 1 помала млада тиквичка
  • 1 врзоп млад кромид
  • 100 грама кисела павлака
  • 100 грама шунка
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер
  • масло

Приготвување:

Изрендајте ја тиквичката со кората, ако е млада, и посолете ја. На масло пропржете сечкан кромид и додајте ги шунката исечкана на коцки и исцедената тиквичка која отстоила барем 10 минути во сол.

Тргнете ја смесата од шпорет, додајте павлака, јајце, бибер и сето тоа измешајте го.

Раширете ја првата кора, премачкајте ја со тенок слој од филот, ставете одозгора друга кора и премачкајте ја и неа малку со филот.

Превиткајте ги краевите и завиткајте ја во ролна. Обложете плех со хартија за печење или премачкајте го со масло.

Редете ги ролничките во плехот додека не ви се потроши материјалот. Премачкајте ги ролните со масло и ставете ги во загреана рерна на 200 степени, 40-45 минути, додека не поруменат добро и доле и горе.

Послужете ги со кисело млеко или јогурт.

Уживајте во божествениот вкус!

Извор: Kod bake u gostima

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.