Одлична за имунитетот: Здрава пролетна чорба

Вкусен оброк

Чорбите се едни од најздравите оброци за нашето тело затоа што содржат дополнителни течности, дневна доза на растителни влакна, витамини, минерали и здрави масти.

Јадење кое со својата богата и топла содржина ги загрева и душата и телото. Секоја сезона ги носи своите вкусови во зеленчукот што ја прави најдобрата супа, а рецептот за бавно зготвена пролетна супа е еден од нив. Овој пролетен рецепт за чорба е со пилешко, но може да се направи и со некој друг вид месо, па дури и со риба по ваш избор.

Пролетна чорба со пилешко:

Состојки:

  • 1 кг бело пилешко месо
  • 600 ml пилешка супа
  • 1 конзерва црвен грав од 400гр
  • 300 гр слатка пченка (може и замрзната)
  • 200 гр свежи пиперки
  • 2 глави на црвен кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици мед
  • 2 лажички сол
  • половина лажичка сушена мелена пиперка
  • половина лажичка мелен бибер
  • 1 лажичка сува зачинска мешавина

Прочитајте и: Нутриционист открива како да го зајакнете имунитетот и дишните патишта: Овој зачин е добар за белите дробови!

Приготвување:

Пилешкото месо исечете го на мали парчиња. Исечете ги свежите пиперки, лукот и црвениот кромид на мали коцки и извадете го гравчето од конзервата и оставете го добро да се исцеди. Ставете ги сите состојки што сте ги исечкале во тенџере на шпоретот, претходно истурете ја супата и промешајте додека сите состојки не бидат добро комбинирани. Потоа покријте и оставете да се готви неколку часа. На слаб оган намирниците ќе бидат добро зготвени и ќе го зачуваат нивниот квалитет. Ќе добиете здрава пролетна чорба, одлична за зајакнување на вашиот имунитет и намалување на килограмите. Што е најважно, оваа чорба ќе ве држи сити.

Пријатно јадење!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.