Нутриционист открива како да го зајакнете имунитетот и дишните патишта: Овој зачин е добар за белите дробови!

Грижете се за здравјето

Послушајте ги советите на експертите и дознајте како да ги подобрите имунолошкиот систем и здравјето

За добро здравје, од клучно значење е добриот имунитет како одбрана на организмот од вирусни и бактериски инфекции. Најдобриот начин на подобрување на имунитетот е да го урамнотежите внесувањето калории, да јадете полесна и лесно сварлива храна.

Како да го подобрите имунитетот?

Најдобро е да ги урамнотежите калориите и да внесете во исхраната многу добри масти, влакна, квалитетни јаглехидрати и различни извори на протеини.

Како и кај другите вирусни инфекции, постојат намирници што можат да го подобрат имунолошкиот систем. Првенствено, тоа е храна богата со витамин Ц, свежо овошје и зеленчук или пократко термички обработено, маснотии и влакна.

„Треба да јадете намирници богати со витамин Ц, како што се кромид, лук, праз, магдонос и целер. Кромидот и лукот освен што се одлични во борба против вируси и бактерии, помагаат и за различни респираторни инфекции. Кромидот може да го јадете и свеж, а може и да го додадете во супа. Исто така, добро е да додадете во супа и исечкани магдонос или целер. Што се однесува до овошјето, одлични овошки се калинката и цитрусите“, тврдат нутриционистите.

Во исхраната треба да внесете и маслиново масло, да јадете месо, риба, авокадо, семиња и ореви.

„Јадете намирници што се лесно сварливи и создаваат многу слуз во желудникот и горните дишни патишта. Динстана храна, житарки, мешунки, месо, риба, зеленчук кој е кратко термички обработен и салата. Покрај тоа, се препорачува користење зачини во исхраната“, објаснуваат нутриционистите.

Редовното консумирање такви намирници го штити организмот од вируси и бактерии и ни помага да не се разболиме. Користете разновидни зачини и билки. Циметот и црниот бибер се одлични зачини, а циметот помага за здравјето на белите дробови.

Освен тоа, многу е важно да пиете топли напивки.

„Чајот е одлична превентива. Ефикасен е чајот од ѓумбир, а внатре може да ставите каранфилче, кое е антисептик. Може и да го џвакате, бидејќи го дезинфицира грлото. Исто така, можете да ја плакнете устата со чај од жалфија. Во чајот треба да ставите мед кој позитивно влијае врз слузницата и лимон кој е богат со витамин Ц или сок од пороткал, но со него треба да внимавате, бидејќи дејствува агресивно на слузницата на желудникот. Па затоа, тие што имаат гастритис треба да бидат внимателни. Покрај тоа, може да додадете во чајот и малку црн бибер. Наместо ладна вода, обидете се да пиете топла водна, односно врела, до степен на подносливост“, додаваат нутриционистите.

Доколку забележите симптоми на настинка, треба да се придржувате до овие прехранбени навики, да внесувате лесни намирници богати со хранливи состојки, да пиете топли напивки, а покрај тоа, се советува и плакнење на усната празнина со прополис кој има антивирусни својства и помага во борбата против вируси и бактерии. Покрај исхраната, многу е важна физичката активност и изложувањето на сонце.

„Сончевата светлина е добра за имунитетот, а лоша за вирусите. Една од причините зошто грипот е зимски проблем е тоа што вирусот грип најдобро се пренесува на ниски температури и ниска влажност. Сончевата светлина исто така им помага на нашите тела да произведуваат витамин Д, а бактериите и вирусите се уништуваат со помош на сонцето“, откриваат нутриционистите.

Изложеноста во природа го намалува стресот, а и ја подобрува функцијата на имунолошките клетки.

Уште еден клучен фактор за подобар имунитет е сонот.

„Регенерацијата на нашите ткива најдобро се одвива од 22, 22.30 до два часот по полноќ. Ако го поместиме тој дел, го прескокнуваме лачењето на хормонот за растење кој влијае врз заздравувањето на нашите ткива и имунолошкиот систем. Со тоа ја намалуваме можноста за одбрана на организмот од кој било причинител на настинка. Спиењето на време е многу важно, а добро е и раното будење. Заспивањето до 23 часот е клучно за имунитетот. Во просек, доволни се 7 до 8 часа, а на некои луѓе може да им бидат доволни и шест часа сон“, советуваат нутриционистите.

А дали би сакале да ја проверите состојбата на вашето здравје без да излезете од дома?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.