Меки и сочни: Пробајте ги највкусните солени штрудлички

Вкусно предјадење

Штрудличките ќе бидат помеки ако по обликувањето ги оставите уште малку да нараснат

Состојки:

За тестото:

  • 600 г екстра бело брашно
  • 250 мл млеко
  • 100 мл млака вода
  • 30 г свеж квасец
  • 1/2 прашок за печиво
  • 100 мл масло
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце
  • сусам

За премачкување:

  • 125 г путер
  • 2 жолчки

За полнење:

  • 180 г младо сирење
  • 80 г шунка
  • 8 кисели краставички

Приготвување:

1. Во подлабок сад се соединува млаката вода со издробениот квасец, лажиче шеќер и лажиче екстра бело брашно. Се меша и се остава на топло да нарасне.

2. Во сад се меша половина од екстра белото брашно со прашокот за печиво и малку сол. Се става нараснатиот квасец, се додаваат млекото и маслото, па добро се меша со рака. Постепено се додава остатокот од екстра белото брашно и се меси додека се добие мазно тесто. Измесеното тесто се остава да нарасне.

3. Омекнатиот путер се мати со жолчките. Нараснатото тесто се истенчува и се премачкува со смесата од путер и жолчки.

4. Се посипува со сечканото младо сирење, шунката и киселите краставички.

5. Двата паралелни краја на тестото се виткаат во ролат така што се составуваат на средината. Се раздвојуваат со нож за да се добијат  два ролата. Ролатите се сечат на помали парчиња.

6. Се редат во плех за печење обложен со хартија за печење, се премачкуваат со јајце и се посипуваат со сусам. Се печат во загреана рерна на 200°С, додека поруменат.

Извор: Добра храна

Ви предлагаме да ги пробате и највкусните жужу-кифлички.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.