Во стан од 23 квадрати сместиле 4 простории: Генијално решение за мали простори! (ВИДЕО)

Добриот распоред прави чуда

Во овој потполно функционален стан сместено е се’ што е неопходно за живот: кујна, дневна и спална соба, како и тоалет

Кога на располагање имате стан од 23 квадрата изгледа невозможно во него да се смести се’ што ви е потребно за живот, но овој пар од Австралија покажал како со добар распоред и малку креативност, возможно е да се има сосема функционален стан.

Никогаш не би помислиле дека е толку мал со оглед на идеалната искористеност на просторот. Можеби ова ви звучи нереално, но ќе се уверите кога ќе го погледнете видеото.

Кога влегувате во станот, на прв поглед се чини дека има само дневна соба и тоалет од левата страна. Меѓутоа, кога ќе се тргне завесата, зад неа се крие голем гардеробер, како и кревет на расклопување.

Кога ќе се стемни и креветот ќе се спушти, просторијата се претвора во спална соба. Завесата е наместена така што може да се поместува околу целата соба, па по потреба може да се затемни просторијата кога сонцето е силно.

Големите прозорци даваат илузија на поголем простор, а работната маса, по потреба се претвора во трпезариска.

Во видеото погледнете ги и преостанатите простории…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.