Меки како памук: Највкусните жужу-кифлички!

Пробајте!

Нема да погрешите со овие кифлички

Состојки:

За тестото:

  • 100 мл јогурт
  • 100 мл кисела павлака
  • 100 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 јајца
  • 40 г свеж квасец
  • 1 рамно лажиче сол
  • 600 г екстра бело брашно тип
  • За премачкување:
  • 150 г путер
  • 200 г урда
  • 1 јајце
  • сусам

За полнење:

  • 250 г шунка
  • 300 г урда
Приготвување:

1. Во подлабок сад се соединуваат млакото млеко, јогуртот и павлаката со издробениот квасец, шеќерот и 4 лажичиња екстра бело брашно тип. Добро се меша, па се прекрива со сува крпа и се остава на топло да нарасне.

2. Во сад се соединува половина од екстра белото брашно со малку сол и се промешува. Се додаваат нараснатиот квасец и маслото, се ставаат јајцата и се меша додека се добие изедначена смеса. Постепено се додава остатокот од екстра белото брашно и се меси со рака додека се добие мазно тесто. Замесеното тесто се остава на топло да нарасне.

3. Потоа тестото се истенчува, се премачкува со урда и се посипува со рендан путер, па се мота во ролат. Се остава да отстои 30 минути.

4. Отстоениот ролат се сука во правоаголник и се сече на пет ленти. Секоја лента се сече на триаголници.

5. За приготвување на полнежот се соединува ситно сечканата шунка со сирењето. На поширокиот крај на секој триаголник се нанесува по едно лажиче од приготвениот полнеж, па се обликуваат кифлички.

6. Кифличките се редат во плех за печење обложен со хартија за печење, се премачкуваат со изматеното јајце и се посипуваат со сусам. Се печат во загреана рерна на 200°С, додека поруменат.

Извор: Добра храна

Пробајте ги и овие божествени кифлички со шунка и сирење што се топат во уста!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.