Домашни кифлички со сирење и шунка: Божествено меки, се топат во уста!

Ќе ги обожавате!

За сите љубители на тестото предлагаме совршен рецепт

Состојки:

За тестото

  • 500 г брашно
  • 1/2 сув квасец
  • 2 мала лажица сол
  • 1 мала лажица шеќер
  • 100 г кисела павлака
  • 125 мл вода

За филот

  • 16 парчиња шунка
  • 16 парчиња сирење
  • 1 јајце
Приготвување:
  • Во поголем сад измешајте брашно со квасец, посолете и ставете шеќер.
  • Изматете ја киселата павлака со топла вода и полека сипајте брашно.
  • Замесете тесто што не се лепи за раце.
  • Ако тестото е премеко, додајте уште брашно или топла вода ако е пресуво.
  • Поделете го тестото на две топчиња и секое од нив расукајте го во круг што ќе го исечете на осмини.
  • Секој триаголник развлечете го малку со рацете, на поширокиот дел ставете по едно парче шунка и сирење, па завиткајте го во кифличка.
  • Наредете ги на плех обложен со намрсена хартија, премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам или лен.
  • Оставете ги кифличките на топло да нараснат околу половина час.
  • Во меѓувреме загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Намалете ја температурата на 200 степени Целзиусови и печете ги кифличките 25-30 минути.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.