Компир-салата – многу повкусна од онаа на која сте навикнати!

Прсти да излижеш!

Кој не сака салата од компири? Сепак истиот вкус може да ни здосади, нели? Затоа е пожелно експериментирање, а овој рецепт ќе му се допадне на секој гурман.

Состојки:
1 кг компири
2 врски млад кромид
власец по вкус
1 лута пиперка
1/2 врска магоднос, свеж
1 лимон
100 мл маслиново масло
1 лажиче сув билен зачин
сол и бибер по вкус
50 г кашкавал, растителен

Приготвување:
Измијте ги компирите и сварете ги со лушпа. Додека се варат компирите, помешајте ги маслото, сокот од лимон, ситно сечканиот кромид, ситно сечканата лута пиперка и зачините. излупете го сварениот компир, исечете го на дебели парчиња, посолете и прелијте со смеса од масло, лимон и зачини. Додека е топол, одозгора изрендајте го растителниот кашкавал.

Текст: Добра храна

Фото: Илутрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.