Тренерот на Џенифер Лопез ја открил тајната на нејзиниот совршен изглед: Никогаш не ја консумира оваа храна, а вака ги комбинира вежбите!

Нејзината енергија ѝ олеснува сé

Гордо, со совршен изглед и со многу стил ја гази шестата деценија

Многумина се прашуваат како ѝ успева на Џенифер Лопез да има толку вита линија, а има 52 години! Нејзиното тело е извајано, а секој мускул ѝ е затегнат, за нејзините облини сонуваат многу жени. Она што е пресудно за нејзиниот изглед е редовниот тренинг, но и начинот на исхрана.

Токму нејзиниот личен тренер открил како тренира познатата пејачка! Го пофалил нејзиниот фокус и волја редовно да вежба, што воедно е и најважното нешто кога сакате да го трансформирате вашето тело.

„Комбинираме кардиовежби, вежби за целото тело, како и посебни вежби за долниот дел на телото. Сите тие вежби се многу интензивни и таа ги сфаќа многу сериозно, што е возбудливо за некој како мене“, раскажал тренерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Истакнал дека нејзината енергична природа ѝ го олеснува вежбањето. Но тоа не е единствениот сегмент од животот поради кој таа изгледа толку добро.

Имено, Џенифер многу внимава на својата рутина и на животниот стил надвор од вежбалница. Внимава што јаде, колку спие и се обидува стресните ситуации да ги сведе на минимум.

Латино-дивата е позната по речиси војничкиот режим на исхрана. Има многу цврст карактер, па така, речиси никогаш не консумира некои намирници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Најмногу јаде зелен листест зеленчук, особено брокули, додека од јаглехидрати консумира само овесни снегулки, кафеав ориз, киноа и компир.

Во нејзиното мени задолжителни се протеините, што ги добива од месото и рибата приготвени без масло, додека овошјето и зеленчукот најчесто ги консумира свежи. Пие кафе исклучиво без кофеин.

Светски познатата пејачка никогаш не консумира алкохол, бидејќи тоа докажано го забрзува стареењето!

Одбегнува да консумира рафинирани шеќери, но неодамна истакнала дека единствено не може да ѝ одолее на чоколадната торта на мајка ѝ. Исто така, пие по две литри вода на ден и спие најмалку осум часа.

Ова е рецептот за младешкиот изглед на Џенифер Лопез во шестата деценија од животот (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.