СОВРШЕНО: Брижит Макрон се појавила во неверојатно модерен костим и докажала дека е најдобро облечената прва дама!

Како ви се допаѓа?

Брижит Макрон секогаш му е најголемата поддршка на повторно одбраниот француски претседател Емануел Макрон

Првата дама на Франција е позната по непогрешливиот, елегантен стил, а ни овој пат не разочарала со одличниот изглед.

Госпоѓата Макрон цело време го држела сопругот за рака, го прегрнувала и ја потпирала главата на неговото рамо, но ова нежно однесување, сепак, не ни го одвлече вниманието од нејзиниот префинет стајлинг.

Прославената 69-годишна прва дама одбрала сив, одлично скроен костим од тесни панталони и долго сако со нетипично закопчување. Имено, блејзерот наместо на средината се закопчува во долниот лев агол, па така се разиграл вообичаениот V-изрез, а тоа му дало посебен печат на стајлингот.

Брижит сето тоа го надополнила со елегантна, бела блуза, брендирана крем чанта и салонки во истата нијанса, а успеала да изгледа многу отмено и истовремено урбано, со оглед на тоа што женските костими се голем тренд веќе неколку години по ред.

Што мислите вие за нејзиното издание?

Госпоѓа Макрон гласаше во најдобрата класична комбинација на сите времиња: Овие 3 парчиња треба да ги поседува секоја жена
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.