Ќе ви ја стопли душата: Крем-вариво од зеленчук

Пригответе вкусно предјадење!

Зеленчукот можете и да го матите со миксер или, пак, да го изгмечите како пире

Состојки:
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 3 моркови
  • 2 компира
  • 150 г млад грашок
  • 1, 5 л вода
  • 200 мл пасирани домати
  • 1 лажиче зачини
  • пипер
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид  се чисти и се сече на парчиња, морковите и компирите се лупат и се сечат на коцки.

2. На малку масло се пропржува црвениот кромид, а потоа се додаваат морковите, па сето тоа добро се промешува.

3. Се додаваат грашокот и компирите, па се продолжува со динстање, долевајќи по малку вода, додека омекне зеленчукот.

4. Потоа готовиот зеленчук со малку од течноста се ситни во електричен секач и се враќа во садот. Се сипуваат вода и пасираните домати, се додаваат зачини по желба, па сето тоа заедно кратко се вари.

Побарајте уште вакви вкусни рецепти во најновиот број на магазинот „Добра храна“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.