„Дебора Милано“ со подарок за 1 наша читателка

Овие и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Дебора Милано“ подарува течна подлога Il Fondotinta City Defence, долготраен течен кармин Absolute Lasting и молив за усни.

Да бидете дива е повеќе од надворешен изглед. Тоа е начин на живот. За дивата сите предизвици се минливи. Дивата знае како да се појави и уште поважно како да си отиде. Дури и под притисок, таа знае кога да застане и да одвои момент да помириса ружи. Затоа што дивите се единствени, баш секој ден.

Биди секој ден дива со шминките на „Дебора Милано“!

Доколку сакате да ги добиете на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во октомври, во рубриката ТРЕНД. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.