За оние што не постат: Сочен ролат од свинско филе

Вкусен специјалитет

Полнетото филе можете да го испечете и на скара или во поголема тава

Состојки:
  • 1 поголемо свинско филе
  • 1 лажица сенф
  • 3 парчиња печени пиперки
  • 100 г кашкавал
  • 60 г пршута
  • 1 дланка млад спанаќ
  • пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Свинското филе се чисти од маснотијата и се засекува по должината. Потоа се отвора, се прекрива со пластична фолија и се истенчува со толчник во поголема шницла.

2. Приготвената шницла се посолува и се запиперува, па се премачкува со сенф.

3. По должината на едниот крај се распоредуваат листовите кашкавал, прекунего се нанесуваат парчињата печени пиперки, потоа резанките пршута и на крајот се посипува со младиот спанаќ.

4. Страничните делови од месото се преклопуваат 2 см кон средината, па шницлата се витка во ролат.

5. Плехот за печење се обложува со хартија за печење и се попрскува со масло. Во него се става полнетото филе со краевите свртени надолу.

6. Се премачкува со малку масло и се пече во загреана рерна на 200°С, додека порумени месото.

Извор: Добра храна

Доколку, сепак, постите, ви предлагаме да пробате крап печен во рерна!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.