Вака Грците приготвуваат оброк-салата: Ова е апсолутен ХИТ на Крф, а готова е за 15 минути!

Вкусен ручек

Во текот на летните жешки денови единствениот оброк што може да се јаде и оброк-салатата

Грчката кујна е исклучително вкусна и, што е најважно – здрава. Ви предлагаме рецепт за оброк-салата.

Состојки:
  • 2 модри патлиџани
  • 5-6 пиперки
  • 1 луто пиперче
  • 700 г кисела павлака
  • 200 г фета-сирење
  • магдонос, бибер, масло
  • лук, сол, маслинки, лут пипер
Приготвување:

Исчистете ги и исечкајте ги на коцки модрите патлиџани. Посолете ги и тргнете ги на страна. Исечкајте ги пиперките и лутото пиперче и сето тоа пропржете го на масло. Префрлете го во чинија и во пиперките додајте ситно сечкан лук. Во маслото каде што се пржела пиперката, пропржете го и модриот патлиџан. Оставете да се олади, па измешајте ги патлиџанот, пиперката, солта и биберот, зачините, сирењето и павлаката. Исечкајте многу магдонос, измешајте го сето тоа и послужете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.