Султански кебап: Турско јадење за кое сите ќе ви го бараат рецептот

Специјалитет без конкуренција!

Еден од најубавите рецепти од Блискиот Исток

Турското јадење султански кебап се служи кога сакате да импресионирате некого со вашите кулинарски вештини.

Потребни состојки:
  • 250 грама телешко од бут исечено на парчиња
  • 4 подебели кори за пита или тортилја
  • 100 грама грашок
  • 1 компир исечен на коцки
  • 1 морков исечен на коцки
  • 1 главица кромид исечкана на коцки
  • 3 чешниња изгмечен лук
  • 1 лажичка доматно пире
  • половина чаша вода
  • 1 лажица путер
  • сол
  • бибер

За сосот бешамел:

  • 1 чаша млеко
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица путер
  • сол
  • бибер
  • 100 грама рендан кашкавал
Приготвување:

Сварете го месото, а посебно загрејте го путерот, додајте кромид и кратко пропржете. Потоа, ставете го и свареното месо и пржете додека не зарумени. Додајте го лукот, морковот, компирот и грашокот и продолжете со пржење. Пред крајот, додајте го доматното пире разматено во малку вода. Посолете, ставете бибер и динстајте додека не омекне зеленчукот.

Во меѓувреме направете го сосот бешамел. Загрејте путер и во него пропржете брашно, но внимавајте да не пожолти. Потоа, прелијте го со млеко и загревајте додека не се згусне со постојано мешање. На крајот, зачинете го бешамелот по желба.

Земете една кора или тортилја и ставете го филот од месо и зеленчук, па затворете ги краевите или свиткајте ја. Внимателно пренесете ја кората на подмачкан плех. Направете четири вакви ролати, секој од нив премачкајте го со бешамел и наросете го со рендан кашкавал.

Печете го султанскиот кебап 20-25 минути во рерна загреана на 200 степени.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.