Што ќе добиете ако изматите сирење, јајце и брашно: Солени крофнички што одлично одат со сè!

Ќе ги обожавате!

Од оваа смеса ќе добиете 40 крофнички

Овој прилог може да се послужи речиси со секој оброк: крофнички полнети со сирење. Нивниот вкус освојува на прво залче и кога еднаш ќе ги пробате, ќе сакате да ги приготвувате со секое јадење!

Потребни состојки:
  • 500 грама моцарела
  • 3 лажици рендан пармезан
  • 1 јајце
  • 100 грама брашно
  • половина лажичка оригано
  • презла
  • малку путер
Приготвување:

Измешајте рендана моцарела, пармезан и јајце, па додајте брашно и оригано. Замесете тесто со рака, па формирајте топчиња, извалајте ги во презла и кратко пропржете ги на малку путер додека не добијат убава златна боја.

На крај, ќе добиете превкусни крофнички полни со стопено сирење што ќе ги обожавате.

Уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.