Сочна и мека гибаница на романски начин: Лесно се приготвува, а трикот лежи во вкусниот прелив!

Евтин оброк

Доколку ви се допаѓа обичната, сигурно ќе ја обожавате и романската гибаница

Гибаница е старо традиционално јадење што често го приготвуваме за појадок или вечера. Ретко кој може да ѝ одолее на оваа пита со сирење, па често може да се најде на сечија трпеза. А доколку ја обожавате и вие, тогаш сигурно ќе ви се допадне и ако ја приготвите на романски начин. Сите состојки веројатно веќе ги имате дома, а се приготвува многу едноставно.

Состојки:
  • 400 г кори
  • 400 г фета-сирење
  • 150 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1 лажиче сол
  • 200 мл кисела вода
  • 100 мл масло
Приготвување:

Намрсете плех, па наредете 4 кори, секоја треба да ѕирка од него. Потоа, измешајте кисела вода, маслиново масло и сол, па сипете 4-5 лажици од добиената смеса преку наредените кори.

Завиткајте ги преостанатите кори и исечкајте ги на ленти. Потоа, ставете ги и нив во плехот, па повторно прелејте ги со претходно приготвената смеса, исто со 4-5 лажици.

Здробете сирење, па во него додајте јогурт, јајца, прашок за печиво и млеко. Сето тоа добро измешајте го и сипете го преку корите. Затворете ги корите што сте ги оставиле да ѕиркаат и повторно прелејте ги со смесата од кисела вода, маслиново масло и сол.

Потоа ставете уште една цела кора преку питата и добро затворете ја. Повторно прелејте со малку смеса од кисела вода. Избоцкајте ја со виљушка на неколку места и посипете со сусам.

Печете ја гибаницата на 180 степени околу 25 минути.

Погледнете го видеото за подетални упатства…

Дали некогаш сте пробале пржена гибаница? Ќе добиете преубав вкус, а се приготвува многу брзо (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.