Кога ја започнаа аферата, и двајцата беа во брак: Најбогатиот човек на светот три години троши пари само за да ја задоволи неа!

Се појавиле во Рим

Се зборува дека Лорен до таа мера го полудела Џеф Безос што поради неа почнал да оди во вежбалница, на третмани за разубавување, а децата и поранешната жена речиси и да не ги гледа

Џеф Безос прошетал во Рим држејќи ја за рака својата девојка Лорен Санчез, додека ги следеле четворица телохранители.

Двојката привлекува огромно внимание во јавноста уште откако ја започнаа врската, па поради тоа не можат да одат никаде без телохранители. Така било и овој пат.

Лорен (52) е телевизиска личност, а слава стекнала како репортерка и водителка на вести.

Се зборува дека Џеф Безос (58) веднаш паднал на нејзиниот шарм и дека токму поради Лорен ја оставил сопругата со која дотогаш бил во брак цели 26 години и која му помогнала да стекне богатство.

Не се знае точно кога двојката започнала врска, но сè излегло на виделина во 2019 година кога ги разоткриле американските новинари. Набрзо потоа, Џеф, најбогатиот човек на светот, одлучил да се разведе од сопругата и мајката на нивните четири деца.

Во тој момент и Лорен била мажена, а нејзиниот тогашен сопруг Патрик Вајтсел наводно ја запознал со Џеф Безос. Истата година како Безос, и Лорен го прекинала својот брак од којшто ги има синот Еван (16) и ќерката Еленор (14), додека најстариот син Ник (21) го има со поранешниот дечко Тони Гонзалес.

Доказ за тоа колку е Џеф вљубен во Лорен папарацо-фотографиите на кои речиси секогаш ја држи за рака својата девојка. Така било и овој пат додека шетале во Рим. Лорен носела елегантен црн фустан на „Каролина Херера“, додека на нозете носела бели, спортски патики.

Двојката последните три години ги поминува шетајќи низ светот, а Џеф дури и патувал во вселената и тоа со ракета од неговата компанија.

Таа е сè пополна со силикони, а тој е сè постар: Зошто на сите им е смешен вљубениот поглед на Џеф Безос?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.