Таа е сè пополна со силикони, а тој е сè постар: Зошто на сите им е смешен вљубениот поглед на Џеф Безос?

Тие не се интересираат за озборувањата

Додека Лорен ја користи секоја можност да се разубави со помош на пластична хирургија, Џеф Безос сосема оседел

Џеф Безос (58) никогаш повеќе не ги следел културните настани и никогаш не излегувал толку на забави како што го прави тоа сега откако е во врска со Лорен Санчез (52). Изгледа дека живее втора младост.

Меѓутоа, наместо да му се воодушевуваат на тоа што го користи секој момент за уживање, Безос е предмет на потсмев кај јавноста.

Сите се убедени дека Лорен е со него само поради пари и никому не му е јасно како не може да го види тоа еден паметен човек како што е Безос?

Периодов Безос и Лорен ги посетуваат забавите по повод Супербол, а Лорен ја користи секоја пригода за да ги покаже новите силикони во градите.

„Новата девојка на Безос е лага во движење – градите ѝ се преполни со импланти и целото лице ѝ е полно со филери – ништо на неа не е нејзино!“

„Таа изгледа нереално, и тоа не во добра смисла“, пишуваат луѓето алудирајќи на нејзиното лице.

Да се потсетиме, Безос ја остави сопругата Мекензи по 25 години брак, токму поради Лорен, кои тогаш медиумите ја нарекоа „јадачка на мажи“. Безос тогаш скапо ја плати својата слобода, бидејќи разводот го чинел 38,3 милијарди долари, но и 19,7 милиони акции на Амазон.

Пред разводот, двојката се гледала кришум, а првпат се појавиле во јавноста како двојка на Вимблдон во 2019 година, кога непрестајно си разменувале нежности во ВИП-ложата.

Кога милионер оди на одмор, тоа изгледа ВАКА: Џеф Безос ужива на луксузна јахта во прегратката на оваа фатална бринета!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.