Што значи печатот што се става на славската погача: Има ли значење лепчето без тој знак?

На помош празниците...

Експерт за историја на храна одговара на прашањето!

Од античките времиња, лебот го симболизира животот, благосостојбата, основна човековата исхрана во тешките времиња на различни народи, па затоа не е чудно што му се припишувале разни божествени и магични својства.

Така тој стана симбол на единството, заедницата, го собира семејството и служи како дел од повеќе ритуали за време на различни церемонии. Така е и денес, нашата празнична трпеза не би била комплетна без традиционална славска погача.

Како што истакнува историчарката Дијана Васиљевиќ, лебот како ритуален елемент наоѓа свое место и во македонските обичаи. Па во многуте обредни ритуали, како дел од христијанската традиција посебно место ќе најде славската погача.

„Славскиот леб, односно погача се подготвува на ден пред празникот. На денот на празникот погачата се носи во црква каде свештеникот ја осветува со црвено вино и како таква се крши на толку делови колку што членови има семејството“, вели Васиљевиќ.

Во средината на колачот, како и на четири места на работ, се става печат (т.н. печат-просфорник) со буквите ИС ХС НИ КА, што е кратенка од зборот „Исус Христос победник“ .

Останатите украси можат да бидат многубројни и различни, но оние кои се сметаат за задолжителни се: класје, птица, цвет, грозје, книга и буре. Тие се поставуваат во полињата меѓу краците на крстот.

„Грозјето, бурињата и класовите ја симболизираат родната година, изобилството, богата трпеза, полните амбари и добрата жетва. Птицата го има значењето на Светиот Дух, мир и здравје“, објаснува историчарката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.